
Филипче: Хронично болните имаат рок до 23 септември да добијат потврда за болеста
Доколку ова не го завршат до 23 септември, ќе има ново пролонгирање.
Хронично болните имаат рок до 23 септември да посетат специјалист и да добијат потврда доколку поради нивната дијагноза и состојба не можат да се вратат на работа.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Доколку ова не го завршат до 23 септември, ќе има ново пролонгирање.
Ова е заклучено на утринската средба на министерот за здравство Венко Филипче и здруженијата на пациенти „Борка“, „Живот со предизвици“, Национално здружение за МС, Здружение за ХМЛ, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, „Нефрон“, „Хепар“ и други, кои реагираа на владината одлука за враќање на работа на хронично болните. За да можат да го реализираат тоа, Филипче најави дека ќе бидат пуштени дополнителни термини на платформата „Мој термин“.
Готови се и измените на правилникот за боледувања во ФЗОМ, со кој специјалистот на неопределено ќе издава боледување.
–Пациентите кои имаа важечки боледувања по сегашниот систем можат да ги продолжат боледувањата без да доаѓаат на преглед. А за новиот систем за да се добие боледување кое важи подолго време, ќе има повеќе термини и е-амбуланта за да се закаже специјалистички термин. Специјалистот ќе процени дали физички да дојде пациентот или може да се процени по документација и да се даде подолго боледување- изјави Филипче за Сител.