Венко Филипче / Фото: Фејсбук

Филипче: Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, противниците на Македонија мирно спијат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче, одговори на обвинувањата против него од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека се „апсолутна невистини со цел лична дискредитација затоа што владата нема никаков резултат и нема што да покажат“.

-Сите тие обвинувања апсолутно не се вистина. Целта е да дискредитираат. Прво, дека сум имал куќа во Нерези – за тоа пишуваше вашиот медиум, но кога една ваша колешка беше таму и сними, излезе дека не е вистина. Потоа, дека имам поклон-џип – исто така не е вистина. Дека имам зграда во Дубаи – повторно невистина. Дека имам јахта – и тоа не е вистина. Нивната мантра е: „Ти си лопов, криминалец, предавник“. Но тоа не ме прави помалку храбар, напротив – уште повеќе ме мотивира да се борам за доброто на државата. Знам дека ВМРО-ДПМНЕ и сите што го иницираат и спроведуваат тој процес, тоа го прават затоа што немаат резултати. Немаат што да покажат. Тие плаќаат луѓе за ситни пари да шират лаги, а во исто време се занимаваат со многу големи бизниси – со огромни кредити и договори во четири очи. Но, полека вистината излегува на виделина: државата е ставена на слеп колосек за Европа, платите стагнираат, стандардот тоне, младите се иселуваат“, рече Филипче.

„Ќе завршам со тоа: Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, противниците на Македонија мирно спијат“, додаде лидерот на опозициската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот