Јуни 2020, Скопје / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Филипче: 364 новозаразени пациенти, капацитетот во некои болници е скоро исполнет (ВИДЕО)

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција ја изнесе денешната бројка на новозаразени лица, таа изнесува 364 лица, 414 лица се хопитализирани во болниците ширум земјава.

-Ова е најголем број на хоспитализации од крајот на јули. На Инфективната клиника денеска се сместени 86 пациенти, во ГОБ 40, од кои 4 се на ресипиратор. Во болницата во Козле се хоспитализирани три деца позитивни и за две деца се чека резултат- рече Филипче.

Во некои болници капацитетите се исполнети, истака Филипче, па со претходен договор пациентите се испраќаат во Скопје, или Куманово. Целосно е подготвена болницата во Кочани, каде засега нема пациенти, има 60 болнички кревети. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот