Фидановски: Добар изборен систем треба да биде репрезентативен (ВИДЕО)

Една изборна единица скоро никаде во светот не е прифатена и според политичката пракса таа не е добра.

-Кога се бира изборен модел најдобро е да се најде компромис. Односно мешовит модел комбинација од пропорционален и оној од една изборна единица. Ние имаме надпросечно репрезентативен систем што пак и тоа им одговара на малите политички партии, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Кристијан Фидановски, магистер по политички науки и источноевропски студии од Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон.

Фидановски вели дека кај нас нема праг според кој малите партии би влегле во Собрание, за разлика од други држави каде прагот постои, па во некои дури оди и до 10%, односно, во Македонија и со три проценти од гласовите имаат шанса да влезат во Собранието што пак исто така е олеснително за малите политички партии.

-Според мене една изборна единица нема да ја промени многу ситуацијата. На пример ако сега имавме една изборна единица ќе влезеше само плус уште една партија во нашиов случај Интегра што немаше многу да ја промени сликата. Според мене една изборна единица е најштетниот модел за создавање стабилна коалиција, додава Фидановски. Моделот мора да биде компромис меѓу репрезентативност и ефикасност, додава Фидановски.

Целиот разговор со Фидановски погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот