Роберт Фицо / Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Фицо: Европската Унија се однесува како навредено дете, Словачка ќе биде дел од новиот светски поредок

Словачкиот премиер Роберт Фицо потврди дека за време на неговата посета на Пекинг ќе има билатерални средби со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот лидер Си Џинпинг, како и други високи функционери на Народна Република Кина. Фицо ја критикуваше Европската Унија поради одлуката да не испрати свои претставници на овој значаен собир, јави телевизијата Та3.

Оваа недела Кина е домаќин на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), на кој, покрај Путин и Си, учествуваат и индискиот премиер Нарендра Моди, како и други светски лидери.

Покрај самитот, предвидени се и свечености по повод 80-годишнината од победата над Јапонија и завршувањето на Втората светска војна.

Фицо изрази жалење што токму Словачка ќе биде единствената држава-членка на ЕУ која ќе има свои претставници во Пекинг. – Ако во Пекинг постои можност покрај оддавањето почит на жртвите од војната да се сретнеме со светски лидери, треба да се искористи.

Политичари кои претставуваат милијарди луѓе ќе бидат таму, порача словачкиот премиер.

Фицо истакна дека институциите на Европската Унија биле однапред известени за неговото патување, но оти немало реакција. – Се создава нов светски поредок, нови правила на мултиполарниот свет, нов баланс на силите, што е исклучително важно за глобалната стабилност.

Учеството во такви дискусии значи поддржување на дијалогот наместо играње навредено дете.

Така денес се однесуваат ЕУ и нејзините претставници, истакна Фицо. Објаснувајќи ја својата одлука да отпатува во Кина, словачкиот премиер се повика на одредбите од Уставот на неговата земја кој, како што рече, „го обврзува секој словачки политичар да се стреми кон постојана мирна соработка со другите демократски држави“.

Фицо потсети дека „Советскиот Сојуз и Кина го понесоа најтешкиот товар од Втората светска војна и нагласи дека одбива да ги затвора очите пред таа реалност и да го искривува минатото“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!