Фејсбук лого/ Фото: МИА

Фејсбук и Инстаграм може целосно да го забранат политичко рекламирање

Во февруари, законодавците на ЕУ најавија построг пристап кон платформите кои дозволуваат рекламирање на политичките партии и групи и соодветно побараа повеќе детали за кампањите од американските технолошки гиганти, како и генерално потранспарентен увид во деловното работење на европско тло.

Во случај на незадоволителни резултати во одговорите на овие барања, најавија казни од 4 отсто од вкупниот приход, што воопшто не е мал, пренесува Каматица. Како директна последица на оваа одлука, сега доаѓа реакција од Мета Платформи, чадор-компанијата на Фејсбук и Инстаграм, чии газди сериозно размислуваат за целосна забрана на рекламните активности во политичкиот домен, пренесува Ројтерс.

Според нивните проценки, загубата на приход во тој случај би изнесувала помалку од можните казни што би требало да ги платат доколку Комисијата на ЕУ оцени дека ги прекршиле правилата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!