Најџел Фараж / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Фараж: Доаѓањето на мигрантите на бродови е „инвазија“

Лидерот на британската десничарска Реформска партија, Најџел Фараж, го нарече пристигнувањето на нелегални мигранти на мали бродови преку Ламанш „инвазија“ и оцени дека тие претставуваат закана за националната безбедност.

Во својот говор, Фараж најави низа строги мерки за имиграција што неговата партија ќе ги спроведе доколку дојде на власт, пишува Скај њуз.

Тие вклучуваат укинување на Законот за човекови права на Велика Британија од 1998 година и привремено повлекување на Велика Британија од Конвенцијата од 1951 година за статусот на бегалците – за период од пет години.

Тој, исто така, најави укинување на сите законски „бариери“ за депортација што, како што тврди, ги користат адвокатите за „заштита на нелегалните мигранти“, како и воведување законска обврска за министерот за внатрешни работи да ги притвори и депортира сите што нелегално влегуваат во земјата.

Фараж рече дека таквата политика би „ги запрела бродовите за неколку дена“ и би ја направила помалку привлечна за мрежите за трговија со луѓе.

Освен прашањата поврзани со безбедноста и миграцијата, лидерот на Реформската партија тврди дека мерките на неговата партија потенцијално би можеле да заштедат стотици милијарди фунти до 2034 година.

Иако Реформската партија бележи зголемување на поддршката во анкетите на гласачите, таа моментално има четири пратеници во британскиот парламент од вкупно 650 пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот