Доналд Трамп / Фото: EPA/EFE

Фајненшл тајмс: Трамп им гарантираше на арапските земји дека Израел нема да започне војна

Американскиот претседател Доналд Трамп лично ги уверил арапските земји дека Израел нема повторно да започне војна како дел од мировниот план за Газа, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори.

„Трамп лично ги уверил (Арапите) дека Израел нема повторно да започне војна“, изјавил неименуван извор за британскиот весник, додека друг извор запознаен со разговорите меѓу Белата куќа и арапските претставници ја потврдил информацијата, пренесува „Танјуг“.

На 29 септември, Трамп презентираше план од 20 точки кој предвидува итен прекин на огнот под услов Хамас да ги ослободи заложниците во рок од 72 часа.

Планот, исто така, бара од Хамас и слични групи да не учествуваат во идното управување со Газа.

Трамп рече дека очекува првата фаза од планот, вклучително и ослободувањето на заложниците, да биде завршена во рок од седум дена. Претходно денес, делегација на Хамас предводена од високиот функционер Калил ал-Хаја пристигна во Египет на разговори за предлогот на Трамп за прекин на војната во Газа.

Според планот на Трамп, Израел треба да ослободи 250 Палестинци кои отслужуваат доживотни затворски казни, како и повеќе од 1.700 Палестинци од Газа кои беа уапсени по 7 октомври 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот