Фајнанс тинк: Да се идентификуваат делови кои може да влијаат на развојот и да имаат поглем удел кон БДП

Фајнанс тинк препорачува да се води сметка за предизвиците кои значат справување со ковид кризата и во престојниот ребаланс на Буџетот да се алоцираат средства токму во тие пунктови и сектори каде е потребно да се инвестираат дополнителни средства, како и да се идентификуваат делови кои може да влијаат на развојот и да имаат поглем удел кон БДП.

– Во првиот ребаланс на Буџетот земајќи ја предвид новонастанатата состојба со коронавирусот, очекувано беше расходната страна да расте. Но, сметаме дека делот на кратење и непродуктивни трошоци не беше доволен во првиот сет на кратења, а истовремено забележавме кратења од некои есенцијални сектори, како што е образованието, каде во моментов се пред сериозни предизвици како да ја преадаптираат целокупната настава, изјави Благица Петрески од Фајнанс тинк во одговор на прашање пред почетокот на економскиот форум Општините и граѓаните кон подобар буџет „Мои пари моја одговорност”: Партиципативно буџетирање во општините.

Таа препорача исклучително да се внимава при трошењето на јавните средства и тоа во овој период да се прави во продуктивни цели, но и да се идентификуваат делови кои може да влијаат на развојот и да имаат поглем удел кон БДП.

– И за четвртиот сет на мерки бизнис секторот апелира дека и понатаму се потребни мерки за зачувување на работните места, но иако мерката за исплата на 14.500 денари по вработен се покажа како успешна и зачува 60.000 работни места се препорачува во новиот сет на мерки да биде многу потаргетирана и ефектите да бидат однапред пресметани и да се базираат на квантитативни податоци, рече Петрески.

Таа нагласи дека не чека уште една тешка година во која не само што треба да се размислува за зачувување на работни места, туку и да се води сметка и да се има план како да се ревитализира економијата.

– Затоа можеби еден од предизвиците на Владата ќе биде сет на мерки за оние сектори и компании кои може да бидат двигател на растот во периодот на ревитализација на економијата во следната година, посочи Петрески. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот