
Еврозоната со ново задолжување, јавниот долг скокна на 88% од БДП
Јавниот долг на еврозоната изнесуваше 88 проценти од нејзиниот бруто домашен производ на крајот од првиот квартал од 2025 година, што е малку повеќе од 87,4 проценти во последниот квартал од 2024 година, објави денес Евростат.
Препорачано
Низ цела Европска Унија, нивото на долг се зголеми од 81 процент од БДП во четвртиот квартал од минатата година на 81,8 проценти од БДП на крајот од првиот квартал од 2025 година. Во вкупната структура на долгот, хартиите од вредност учествуваат со најголемо учество – 84,2 проценти во еврозоната и 83,6 проценти во Европската Унија, додека кредитите учествуваат со 13,3 проценти во еврозоната и 13,9 проценти во ЕУ.
Валутите и депозитите сочинуваат нешто повеќе од 2,5 проценти – и во еврозоната и во ЕУ.
Најзадолжена земја во еврозоната е сè уште Грција, со јавен долг што изнесува 152,5 проценти од нејзиниот БДП, по што следуваат Италија со 137,9 проценти, Франција со 114,1 процент и Белгија со 106,8 проценти.
На другиот крај од спектарот се Бугарија, чиј јавен долг изнесува 23,9 проценти од БДП, Естонија со 24,1 процент, Луксембург со 26,1 процент и Данска со 29,9 проценти.
Во споредба на годишно ниво, Грција забележа најголем пад на долгот од 9,3 проценти, додека Полска забележа најголемо зголемување на долгот – 6,1 процент, според веб-страницата на Евростат, пренесува Танјуг.