Евростат: Една третина од Хрватите немаат пари за седум дена одмор во годината

Хрватска е меѓу земјите од Европската Унија со највисок процент на граѓани, 34,7 проценти, кои немаат финансиска можност за седум дена одмор во текот на една година, според најновите податоци на Евростат за минатата година.

Најпопуларниот период за одење на одмор се летните месеци, а истражувањето на порталот МојПосао покажа дека 79 проценти од испитаниците планираат да одат на одмор, објавува ХРТ.

Секој трет жител на Хрватска ќе помине две до три недели на одмор (33 проценти од испитаниците во двата случаи), а психолозите го препорачуваат овој број на денови за годишен одмор како оптимален период за одмор од работа и полнење на батериите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот