Фото Архива

Европските акции растат поради лошите вести од Америка

Европските акции денес пораснаа бидејќи инвеститорите ја следеа ситуацијата околу новите тарифи на американскиот претседател Доналд Трамп и евентуалното затворање на федералната влада во Вашингтон- пренесе Политика.

Паневропскиот STOXX 600 го заврши денешното тргување со пораст од 0,5 проценти, францускиот CAC 40 доби 0,4 проценти, индексот DAX во Франкфурт доби 0,7 проценти, а лондонскиот FTSE 100 доби околу 0,5 проценти, објави CNBC.

Во однос на компаниите, акциите на данскиот гигант за накит Pandora го завршија денот со пад од 2,6 проценти откако беше објавено дека неговиот извршен директор, Александар Лацик, ќе се пензионира во март. Германската авиокомпанија „Луфтханза“ исто така го заврши денот со пад од 7,1 процент, откако објави дека ќе отпушти 4.000 работни места до 2030 година.

Инвеститорите ја следеа ситуацијата со царините откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе воведе царини од 10 проценти за увезено дрво и 25 проценти за кујнски и бањски елементи, како и тапациран мебел. Трамп рече дека ваквиот увоз ја загрозува американската економија и ја поткопува националната безбедност, објави „Танјуг“.

Меѓународните пазари, исто така, ќе го следат потенцијалното затворање на американската федерална влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот