
Европскиот фронт поднесе Предлог-резолуција за хуманитарната криза во Појасот Газа
Коалицијата Европски фронт до Собранието поднесе Предлог-резолуција за хуманитарната криза во Појасот Газа. Пратеникот Скендер Реџепи од Европски фронт на денешната прес-конференција во Собранието соопшти дека резолуцијата е донесена тргнувајќи од основните принципи на човековите права и меѓународното хуманитарно право, моралната и правна одговорност на меѓународната заедница да се спротивстави на кршењето на правото на живот и достоинство на луѓето.
Препорачано
-Алармантната ситуација во Појасот Газа, која значително се влошува како последица на блокадата и пречките за влез на хуманитарната помош и длабоката загриженост против страдањето на цивилното население во Газа, особено жените, децата и постарите лица.Затоа предлагавме до Собранието да ја донесе следната резолуција за хуманитарната ситуација во Појасот Газа. Решително ја осудуваме хуманитарната блокада спроведена од Израел врз Појасот Газа и ја сметаме за забранета форма на колективно казнување според меѓународното право. Итно бараме од Израел да овозможи, без одлагање, влез на хуманитарната помош, храна, медицински средства и логистичка поддршка за цивилното население во Појасот Газа, во согласност со меѓународното право – рече Реџепи.
Тој додаде дека изразуваат длабока солидарност со палестинското население во Газа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5