Фото: tinekestrik.eu

Европратеничка од „Зелените“ со барање во португалскиот премиер Кошта: Да се притисне Бугарија за деблокада на С. Македонија

Европратеничката од групата на „Зелените“ во Европскиот парламент, Тинеке Стрик, ја искористи дебатата со португалскиот премиер да побара да се изврши притисок врз Бугарија за повлекување на ветото за преговори со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

На денешната пленарна дебата на Европскиот Парламент со португалскиот премиер, Антонио Кошта, целосно изостана темата за проширувањето и преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Португалија претседава со ЕУ од 1 јануари до 30 јуни оваа година. Премиерот Кошта утрово ги изложи приоритетите на неговата земја за следните шест месеци, но не го спомена проширувањето.

Пратеничката Тинеке Стрик, меѓутоа, побара од Коста експресно да изврши притисок врз Бугарија.

– Наметнавме услови кои Северна Македонија направи сѐ за да ги исполни, но една земја блокира. Итно барам од вас да извршите притисок врз Бугарија да го повлече ветото и да се врати кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан, изјави Стрик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот