Европејците ќе потрошат меѓу 1.500 и 2.000 евра на патувања, Медитеранот најпопуларен

Повеќето европски патници ќе потрошат помеѓу 1.500 и 2.000 евра по лице по патување од јуни до ноември 2025 година, што е зголемување од 3% во споредба со минатото лето. Трендот во изборот на дестинации исто така се менува Според ново истражување на Европската комисија за патувања (ETЦ), европските патници сè повеќе планираат да посетат помалку познати дестинации, наместо традиционално популарни, но останувајќи во рамките на европскиот континент.

Според најновиот извештај на ETЦ, 77% од Европејците планираат да патуваат барем еднаш помеѓу јуни и ноември оваа година. Од нив, огромното мнозинство, 91%, планираат да патуваат во рамките на Европа. Ова е поттикнато од порастот на нискобуџетните авиокомпании за кратки релации, подобрите транспортни врски и геополитичката нестабилност надвор од Европа, особено на Блискиот Исток, објавува Eуроњус.

Медитеранот останува најпопуларниот регион, при што 13% од европските патници ја избираат Шпанија. 10% планираат да ја посетат Италија, 8% Франција и 6% Грција. Само 8% од Европејците изјавиле дека размислуваат да патуваат надвор од континентот во следните шест месеци. Анкетата вклучувала патници од Обединетото Кралство, Германија, Италија, Холандија, Полска, Швајцарија, Белгија, Австрија, Франција и Шпанија. Патувањата вон сезона привлекуваат сè повеќе Европејци Покрај избегнувањето на преполни туристички места, сè повеќе Европејци сакаат да патуваат вон сезона – периодот помеѓу врвот и ниската сезона, најчесто пролет и есен, како што е септември. Иако летните месеци како јули и август се сè уште најпопуларни (двата по 25%), септември е на второ место со 22%, забележува Н1 Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот