Михалис Рокас Фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Евроамбасадорот Рокас очекува ЕУ забрзано да испорачува резултати

Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа. Ги имаме сите алатки на раполагање и треба да ги ставиме во дејство од првиот ден на работата на новиот состав на Европската комисија. Ние како Делегација на ЕУ заедно со мојот тим и сите други членки на ЕУ тука присутни, остануваме посветени на самиот напредок за да може да ги искористиме сите можности кои ги нуди ЕУ, вели евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас.

На денешната прес-конференција во Битола, Рокас изјави дека очекува овој пат и Европската унија да може да испорачува резултати со забрзана динамика.

-Процесот на проширување на Европската унија е врвен приоритет за самата Европска унија. Како сведоштво или како доказ за тој врвен приоритет е тоа што имаме комесар за проширување, а имаме и политички директор кој што ја има функцијата за проширување. Значи ги имаме сите алатки на раполагање и треба да ги ставиме во дејство од првиот ден на работата на новиот состав на Европската комисија. Ние како Делегација на ЕУ заедно со мојот тим и сите други членки на ЕУ тука присутни, остануваме посветени на самиот напредок за да може да ги искористиме сите можности кои ЕУ ги нуди. Имаме на располагање различни финансиски механизми, како што е Планот за раст на Европската комисија и исто така реформската агенда на самата Влада. Очекувам ние како ЕУ, овој пат и ние да можеме да испорачуваме резултати со многу забрзана динамика – истакна Рокас.

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, вчера изајви дека очекува Северна Македонија да го промени Уставот и после тоа, навистина да се забрза евроинтеграцискиот процес.

-Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно, и после тоа навистина да го забрзаме процесот – вели Кос.

На прашањето дали после тоа може да се дадат гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не може да даде одговор на тоа прашање. Во однос на тоа како може да се реши проблемот со Бугарија, Кос рече дека треба да се разговара што е можно повеќе.

Кос: Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот и навистина да ги забрзаме евроинтеграциите

Според претседателот на Собранието, Африм Гаши, Собранието е подготвено да ја почне процедурата за уставните измени, доколку има политички договор.

-Мислам дека јавноста ги знае ставовите на политичкото мнозинство во државата. Што се однесува до Собранието, веднаш кога  ќе има политички договор ние сме спремни да ја почнеме процедурата – рече Гаши коментирајќи ја вчерашната изјава на новата еврокомесарка за проширување Марта Кос дека очекува Северна Македонија да го промени Уставот и да го забрзаме процесот.

Гаши смета дека веќе имаат обезбедено потребното двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени.

Гаши: Подготвени сме за уставните измени, доколку има политички договор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот