Фото: EPA-EFE/Molly Darlington

Евертон го избра наследникот на Лампард

Поранешниот тренер на Барнли, Шон Дајч ќе биде новиот стратег на Евертон, објави „Скај Спорт“.

Името на Дајч од почетокот беше помеѓу кандидатите, иако како фаворит се истакнуваше Марсело Биелса. Сепак, Аргентинецот не ја прифати понудата, па изборот паднал на поранешниот предводник на Барнли.

Одговорот на Биелса бил дека тој би можел да започне со работа евентуално во текот на летото за да има цел преоден рок пред себе и да го подготви тимот од почетокот на сезоната.

Дајч во Евертон доаѓа на местото на Френк Лампард кој доби отказ оваа недела и тој ќе биде шестиот менаџер на „Гудисон Парк“ во последните пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!