
ФОТО+ВИДЕО| Еве како реагираше поранешното момче на Тејлор Свифт за веридбата со Келси: „Не можам да поверувам“
Актерот Тејлор Лотнер ја објави веста дека неговата поранешна девојка Тејлор Свифт се вери со своето момче. Двојката се забавуваше неколку месеци, а денес тие се добри пријатели.
Препорачано
Ѕвездата на серијата „Самрак сага“, Тејлор Лотнер, кој се забавуваше со пејачката Тејлор Свифт неколку месеци во 2009 година, ја искажа својата поддршка откако Свифт откри дека ѕвездата на Канзас Сити Чифс, Травис Келси ѝ предложил брак. Откако врската на Свифт и Келси се појави во насловните страници, Лотнер ја сподели веста на својот инстаграм-профил која претходно беше објавена на профилот на НФЛ.
View this post on Instagram
Фотографијата е составена од два дена, горниот дел беше една од официјалните фотографии од веридбата на двојката, на која се гледаат како се гушкаат во градина полна со цвеќиња, а на другиот дел се пејачката и Келси на фудбалскиот терен откако Канзас Сити Чифс го освоија AFC првенството оваа година.
Свифт го запозна Лотнер на снимањето на филмот „Денот на вљубените“, каде што играа средношколски пар. Иако Свифт и Лотнер ја завршија својата врска пред повеќе од една деценија, двојката го обнови своето пријателство години откако таа „целосно“ го напушти.
– Мислам дека кога почитуваш некого за тоа што е, како во неговата душа, ти овозможува да продолжиш понатаму, да простиш и да ја продолжиш таа љубов на поинаков начин – рече актерот за време на епизодата од поткастот на Алекс Купер „Call Her Daddy“ во декември 2023 година.
Во јули 2023 година, Лотнер ѝ се придружи на Свифт на сцената за време на нејзиниот концерт „Eras Tour“ во Канзас Сити за премиерата на музичкото видео во кое се појавува за нејзината песна „I Can See You“.
– Тој беше многу позитивна сила во мојот живот додека го снимав албумот „Speak Now“ и сакам да кажам дека тој ги направи сите акробатски трикови што ги видовте во тој музички спот – рече Свифт во тоа време додека го претставуваше Лотнер на публиката.
Лотнер сега е во брак со Тејлор Доум откако двојката се венчаше во 2022 година.