Илустрација/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

ЕУ започна истрага за дампинг цените на автомобилските гуми од Кина

Европската комисија започна истрага за да утврди дали се потребни антидампинг мерки за увоз на кинески гуми за патнички возила и лесни камиони, објави Генералниот директорат на ЕУ за трговија и економска безбедност.

Покренувањето на истрагата следеше по жалбата на европската индустрија за автомобилски гуми, која тврди дека европските производители трпат штета поради увозот на нови гуми од Кина по дампинг цени. Во придружен документ од 21 мај, со кој се започна истрага за гуми од Кина за патнички автомобили и лесни камиони, се вели дека жалбата е поднесена во април од Коалицијата против нефер увоз на гуми, во име на европската индустрија за автомобилски гуми.

Подносителите на жалбите изјавија дека поради значителни нарушувања на пазарните правила, не е соодветно да се користат домашните цени и трошоците за производство во Кина. Затоа, проценката на неизвртената нормална вредност, која ќе ги вклучува трошоците за производство и продажба, треба да се базира на репрезентативна трета земја, а жалителите истакнаа дека соодветна трета земја за одредување на нормалната извозна цена на автомобилските гуми во ЕУ може да биде Србија.

„За да избере соодветна репрезентативна трета земја, Комисијата ќе испита дали нивото на економски развој во тие трети земји е слично на она на предметната земја, дали во тие земји има производство на стоки што се предмет на истрага и дали релевантните податоци се достапни без понатамошно одложување. Доколку има повеќе од една таква репрезентативна земја, приоритет ќе се даде на земјата со соодветно ниво на социјална и еколошка заштита. Според податоците што ѝ се достапни на Комисијата, можна соодветна репрезентативна земја е Србија“, се вели во документот, објави Н1 Инфо.

Во соопштението на Комисијата се наведува дека истрагата треба да биде завршена во рок од 14 месеци и дека прелиминарните антидампинг мерки за увоз од Кина можат да бидат воведени во рок од осум месеци од почетокот на истрагата, доколку привремено се утврди дека постои дампинг што ѝ штети на европската индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот