ЕУ инфо центар во Скопје
ЕУ инфо центар во Скопје / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

ЕУ одобри прва исплата од осум милиони евра за Македонија преку Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан

Европската комисија со Одлука за спроведување го одобри првото ослободување на средства за Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, во износ од осум милиони евра.

-Од нив, 2,3 милиони евра се неповратна помош, два милиона евра заем достапен преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, како и 3,7 милиони евра заем за директна буџетска поддршка. Дополнително, предвидени се околу 3,6 милиони евра за порамнување на претходно исплатени средства како претфинансирање – информираше Министерството за европски прашања.

Средствата се обезбедени врз основа на барањето поднесено од министерот за европски прашања Орхан Муртезани, во кое е опфатена Реформската агенда 2024–2027. Планот опфаќа мерки во повеќе области – управување со јавни финансии, енергетика, деловна средина и владеење на правото.

Според оценката на Европската комисија, целосно се исполнети два чекори: донесувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и измените на Законот за трговски друштва, што претставува 40 проценти реализација. За останатите чекори предвиден е грејс период од 24 месеци, односно до декември 2026 година.

Вкупната алокација за Македонија во рамки на инструментот изнесува околу 17,1 милион евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот