
ЕУ ја поздрави изборната победа на партијата на Маја Санду во Молдавија
Високите претставници на Европската Унија ја поздравија веста дека владејачката партија на молдавската претседателка Маја Санду го задржа парламентарната мнозинство на изборите одржани вчера.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Иднината на Молдавија е во Европа! – напиша претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на мрежата Икс. Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта оцени дека изборите се историски момент за земјата.
– Народот на Молдавија избра демократија, реформи и европска иднина, и покрај притисокот и мешањето од Русија. ЕУ е со Молдавија на секој чекор, порача тој.
Шефицата на европската дипломатија Каја Калас додаде дека, и покрај обидите на Русија да шири дезинформации и да купува гласови, „никоја сила не може да го запре народот кој се залага за слобода“. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нагласи дека молдавските граѓани повторно ја избрале Европа, демократија и слобода. –
Нашата врата е отворена и ќе бидеме со вас на секој чекор. Иднината е ваша, порача таа. Молдавија, сиромашна земја со околу 2,4 милиони жители, е кандидат за членство во ЕУ од 2022 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
11мин
-
16мин
-
25мин
-
30мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5