Урсула фон дер Лајен и Каја Калас/ Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

ЕУ финансиски ќе го помогне опстанокот на Радио Слободна Европа

Европската Унија подготвува спогодба во вредност од 5,5 милиони евра со Европската фондација за демократија, со цел да ја поткрепи работата на Радио Слободна Европа, објави Високата претставничка за надворешна политика, Каја Калас.

„Тоа е краткотрајно, итно финансирање наменето за безбедносната мрежа на независното новинарство”, истакна Калас по синоќешната средба на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Оваа одлука на Брисел да му помогне на Радио Слободна Европа следи откако владата на американскиот претседател Доналд Трамп ги укина дотациите за продемократските медиуми, обвинувајќи ги дека поттикнуваат либерално пристрасна агенда.

Калас потенцираше дека ЕУ не е во можност да го надомести дефицитот во финансирањето на радиото во светски рамки, но дека сака да му помогне на медиумот “да работи и да функционира во оние земји што се во соседството (на ЕУ) и кои во голема мера зависат од вести што доаѓаат однадвор”.

Централата на Радио Слободна Европа е лоцирана во Вашингтон, додека новинарското седиште е во Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот