ЕУ ѝ се заблагодари на Бугарија за оружјето испорачано на Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на бугарската фабрика за муниција ВМЗ во Сопот, изјави дека поддршката на Бугарија за Украина е од клучно значење и за безбедноста на цела Европа.

„Тука се произведуваат гранати во големи количини, не само за европските залихи, туку и за украинската одбрана. Една третина од оружјето што ѝ е испорачано на Украина од почетокот на војната доаѓа од Бугарија. Ви благодарам за оваа поддршка“, напиша фон дер Лајен на социјалната мрежа X.

Таа ја посети најголемата државна фабрика за оружје во придружба на бугарскиот премиер Росен Жељазков, со кого разговараше и за заедничките безбедносни предизвици во Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот