Фото: Luc Meynaerts/kvcwesterlo.be

Ердон Даци кариерата ја продолжи во Казахстан

Повремениот македонски репрезентативец Ердон Даци својата кариера ја продолжи во Казаахстан во екипата на Женис.

Даци веднаш по потпишувањето на договорот на Женис и во текот на вчерашниот ден дебитираше за својот тим во ремито без голови со екипата на Тобол. Во овој клуб пристигнува од Деинзе од Белгија кој пред два месеци прогласи банкрот.

Покрај Динзе, Даци досега настапуваше за екипите на Вестерло, Беверен, Вардар и Коњаспор. За репрезентацијата на Македонија зад своето име има и еден погодок.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!