маслиново масло
Фото: Unsplash

Епидемија на измами во ЕУ поврзани со маслиновото масло

Рекорден број потенцијални измами и случаи на погрешно означување на маслиновото масло се забележани во првиот квартал од годинава во земјите од Европската Унија. Цената на маслиновото масло е повеќе од двојно зголемена во однос на 2018 година поради различни фактори, повеќегодишната суша и маслиновите насади погодени од екстремните временски услови.

Како што растеше цената, растеше и бројот на „прекугранични известувања на ЕУ“, кои вклучуваат погрешно означување на производите, потенцијални измами и безбедносни случаи кои вклучуваат контаминирани масла, пишува „Гардијан“.

Во првиот квартал од 2018 година, ЕУ забележа само 15 вакви случаи. Во првите три месеци од годинава бројот на неправилности се зголеми на рекордни 50 случаи, што според објавените податоци, е за три пати повеќе.

Сепак, овие случаи се само оние кои државите-членки ги откриле и пријавиле до Генералниот директорат за здравство на ЕУ. Бројот не ги опфаќа домашните случаи, а вистинскиот обем на измамата веројатно е многу поголем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот