Endrick/x

Ендрик на излезна врата од Реал Мадрид?

Реал Мадрид се соочува со клучна одлука – кого да задржи во тимот: Ендрик или Гонзало Гарсија. Двајцата се млади напаѓачи со голем потенцијал, но конкуренцијата за место зад Мбапе е жестока, а минутажа за двајцата – малку веројатна.

Гарсија, како дете на клубот и миленик на навивачите, импресионираше со одлични настапи за Кастиља и на СП за клубови. Покрај тоа, може да игра и на крилните позиции, што му дава предност во очите на тренерот Чаби Алонсо. Клубот веќе работи на негово официјално промовирање во првиот тим со нов договор.

Ендрик, пак, не ја оправда целосно довербата во првата сезона. Имаше проблеми со повреди и ограничена минутажа. Иако Реал размислува да го прати на позајмица во Шпанија за да стекне искуство, неговите агенти засега ја одбиваат таа идеја.

Постојат и понуди од Премиер лигата за Гарсија, но младиот напаѓач сака да остане и да се избори за место. Со оглед на тоа, поверојатно е дека Ендрик ќе биде тој што ќе замине привремено на позајмица.

Одлуката е во рацете на Алонсо, а времето не е на страната на никого. Можен е и „мини егзодус“ на бразилски играчи, особено ако Родриго остане без конкретна понуда, а Алонсо продолжи да гради шпанско јадро во тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот