Фото: ФФМ

Елези: Полска е квалитетна, но оваа Македонија може многу

Македонската репрезентација до 21 година денеска замина за Полска, каде против домашната селекција ќе го одигра првиот натпревар од квалификациитен за ЕП 2027. Дуелот е закажан за 5. септември во 18:00 часот, на стадионот во Краков со капацитет од околу 15.000 гледачи.

Нашиот национален тим е подготвен. Селекторот Горан Станиќ верува во оваа генерација,  убеден е во успех во циклусот кој го отвораме во Краков. Дашмир Елези има слично размислување, фудбалеротна Работнички е еден од главните адути во нападот на младата селекција.

„Секако дека сме возбудени поради стартот на квалификациите. Пред нас е цел циклус и имаме што да покажеме. Мотивирани сме максимално. Полска е квалитетен тим, анализиравме и видовме на што треба да се посветиме. Одиме по поволен резултат, сакаме да освоиме бодови таму, а потоа со сите сили кон Италија и дуелот во Битола. Одиме натпревар по натпревар, бод по бод, до успех на оваа генерација,“ изјави Елези.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!