Стефанос Каселакис, лидер на СИРИЗА / Фото EPA-EFE/ALEXANDROS BELTES

Екслидерот на грчка СИРИЗА Каселакис осуден за прикривање на имот

Судот за прекршоци во Атина денес му изрече казна затвор од 30 месеци, условна казна од три години и парична казна од 50.000 евра на Стефанос Каселакис, екс претседател на грчката опозициска партија СИРИЗА.

Казната на Каселакис му беше изречена врз основа на прашањето за неговиот имотен лист, односно по прекршочната пријава поврзана со прекршување на одредбите од законот за имот. Поранешниот претседател на СИРИЗА дури и не се појави на суд да се извини, туку беше застапуван од неговите адвокати.

Поконкретно, упатувањето на судење на поранешниот претседател на СИРИЗА беше одлучено по завршувањето на кривичната истрага спроведена по ова прашање од страна на Основното обвинителство во Атина.

Истрагата на обвинителството започна по објавувањето во март 2024 година на документи во врска со постоењето на компанија во САД од страна на Каселакис, тогашен претседател на СИРИЗА. Целта на истрагата беше да се утврди дали имало потенцијални прекршувања на Законот за странски средства, чии одредби им забрануваат на лидерите на партиите да имаат компанија во странство.

Пред обвинителот, кога Каселакис бил повикан да даде објаснувања, а според информациите, тој тврдел дека не бил свесен за оваа конкретна забрана.

По завршувањето на истрагата, обвинителството покрена кривична постапка против поранешниот лидер на СИРИЗА за кршење на законот за пријавување и контрола на имотот на пратениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот