Фото: EPA/DANIEL DAL ZENNARO

Екс-фудбалерот на Рома и Јувентус, Мирко Вучиниќ осуден на две години условно

Поранешниот црногорски репрезентатитвец, Мирко Вучиниќ е осуден на две години условна затворска казна поради затајување на данок, објавија италијанските медиуми.

Екс-фудбалерот на Рома и Јувентус е обвинет дека не пријавил шест милиони евра. Спорниот период е во перидоот од 2014 до 2017 година и за тој период требало да плати данок во Италија.

Судијата Валерио Фидела донела одлука и да се заплени целиот имот кој го има Вучиниќ во Италија. Вучиниќ во своја одбрана истакнал дека платата ја примал во Обединетите Арапски Емирати, а не во Италија бидејќи во последните денови од кариерата играше во Ал-Џазира.

Сепак, таа одбрана во Италија не поминала, па сега ќе мора да плати оштета ос камати, но и две години условна казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот