ЕУ знаме / Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

ЕК му одговори на Трамп – европските закони не се дел од договорот со САД

Суверено право на ЕУ и нејзините земји членки е да ги регулираат економските активности на нивна територија, одговори Европската комисија на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување тарифи за сите земји што ги регулирале активностите на американските технолошки компании.

„Суверено право на Европската Унија и нејзините земји членки е да ги регулираат економските активности на нивна територија во согласност со нашите демократски вредности“, изјави портпаролката на Комисијата, Паула Пињо, пишува Н1 Хрватска.

Преку неговата социјална мрежа, Трамп им се закани на сите земји што воведоа дигитални даноци, закони, правила и прописи за активностите на технолошките компании дека ќе воведат дополнителни тарифи ако не ги укинат овие „дискриминаторски мерки“.

Европската комисија повторува дека регулативите на ЕУ за дигитални услуги и дигитални пазари не се дел од рамковниот договор што го договорија претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на САД, Доналд Трамп, на крајот од минатиот месец. Со тој договор, Комисијата се согласи на царини од 15 проценти за европските стоки извезени во САД.

Европските закони не се дел од царинскиот договор

Законот за дигитални услуги (ДСА) и Законот за дигитални пазари (ДМА) се две регулативи на ЕУ што ја регулираат дигиталната средина. Американската страна постојано нагласува дека овие регулативи претставуваат нецарински бариери за американските технолошки компании и дека воспоставуваат цензура врз слободата на изразување. Портпаролката на Комисијата вели дека овие закони „со право не се дел од царинскиот договор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот