Општина Центар/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Еднократна помош за глувонемите во Центар

Од Општина Центар информираат дека на средбата меѓу градоначалникот Горан Герасимовски и претставниците на Сојузот на глуви и наглуви – Даре Џамбаз е договорена еднократна парична помош за глувонемите во општината.

„Центар е една од ретките општини која обезбедува лични асистенти и финансиска поддршка за децата и семејствата кои имаат таква потреба. Со оваа нова мерка ќе покажеме дека секој наш сограѓанин е важен и дека заедно градиме општество на еднакви можности. Од следната година, глувонемите лица ќе добиваат еднократна парична помош. Како општина обезбедивме бесплатен паркинг за глувонемите и ме радува тоа што се задоволни од оваа мерка“ истакна градоначалникот Герасимовски.

Герасимовски најави дека Општина Центар оваа еднократна помош ќе ја доделува еднаш годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!