ДЗР со предупредување до политичките партии – итно да достават финансиски извештај за 2024 година

На политичките партиии кои не доставиле финансиски извештаи за примени донации во 2024 година ќе им биде запрена исплатата на пари од буџетот, соопшти Државниот завод за ревизија.

Оттаму ги повикуваат политички партии итно да достават извештаи за 2024 година, во спротивно ќе биде поднесен предлог до министерот за правда за запирање на исплатата на средствата за редовно годишно финансирање од Буџетот за 2025 година.

„ Со недоставување на финансиските извештаи се влијае негативно на степенот на отчетност, транспарентност и јавност во трошењето на јавните средства обезбедени од Буџетот од страна на политичките партии и се нарушува угледот на Република Северна Македонија пред мониторинг телата на Европската Унија и меѓународната заедница во целина.

Согласно 27-б од Законот за финансирање на политичките партии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/04, 86/08, 161/08, 96/09, 148/11, 142/12, 23/13 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 294/20) Министерот за правда по предлог на Државниот завод за ревизија донесува Одлука за запирање (суспензија) на исплатата на средствата за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Северна Македонија на политичките партии кои не поднеле финансиски извештаи во законски утврдените рокови, односно во случајот не поднеле Извештај од регистарот на примени донации, годишна сметка и/или годишен финансиски извештај согласно одредбите од член 25, член 26 и член 27 од истиот Закон, во случајот, за известувачката 2024 година“ соопшти ДЗР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот