
ДЗР откри сомнителни финансиски извештаи и набавки на Клиниката за хематологија
Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење околу вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на Клиниката за хематологија и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2023 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Утврдено е дека примените и потрошените лекови за ретки болести и лекови од донација не се евидентирани во сметководствената евиденција; во некои од спроведените постапки за јавни набавки констатирани се несоодветна примена на Законот за јавните набавки и нехронолошко плаќање на преземените обврски“, велат од ДЗР.
„Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата даде препораки со цел преземање мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите. Во делот на другите прашања ревизијата известува за Националниот систем за материјално-финансиско и сметководствено работење и Централниот систем за регистрација на работното време при Министерството, кои не се воспоставени во целост. Во делот на недостатоци во внатрешните контроли е известено за слабости во контролите во некои од работните процеси на Клиниката. Од страна на поранешните раководни лица на Клиниката доставена е една забелешка, која претставува образложение за причините за утврдените состојби во нацрт-извештајот на овластениот државен ревизор“, се додава во извештајот на ДЗР за Хематологија.