Изјава на Виктор Димовски по седницата на Собраниската комисија/Фото: Скриншот

Џафери: Отчетот на Виктор Димовски ќе продолжи откако ќе се утврди дали некој прислушувал

Додека не се утврди дали и кој е одговорен за тонската снимка со отчетот на директорот на Националната агенција за безбедност, Виктор Димовски од затворената расправа на Комисијата за надзор над безбедносните служби, а која протече на собранискиот ЈуТјуб канал, за случајот со државјанствот на олигархот Олександр Онишченко, работата на седницата нема да продолжи, потврди претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со новинарите.

– Го чекаме извештајот на МВР. Прво треба да се утврди што и како се случи, за седницата да продолжи. Дали е случајно, дали е човечка грешка, дали некој прислушувал. Собранието нема можност да направиме таков стручен надзор – вели Џафери.

Тој остава простор дека во случај на потреба од друга итна седница од затворен тип, Собранието може да одржи.

За проектот изградба на „глува соба“ во Собранието за надминување на идни такви ситуации, Џафери информира дека пропаднал и петиот тендер и дека наскоро Собранието ќе распише шести јавен повик за нејзино изградба. Тој објасни дека изведувачот на „глува соба“ не е избран бидејќи ниту една од понудите не ги исполнувала техничките услови, иако цените биле прифатливи. Цената на тендерот е над 33 милиони денари, односно половина милион евра.

„Глувата“ или заштитена соба е неопходна пред сè за поквалитетен надзор над тајните служби и следењето на комуникациите.

Џафери информираше дека веќе го испратил до Апасиев одговорот за инцијативата за референдум, но не откри што содржи документот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот