
Две години казна затвор за тепачот на Данела Арсовска – командант Барути
Две години казна затвор доби Сулејман Љамалари познат како Командант Барути обвинет дека физички и вербало ја нападнал градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска при инцидентот што се случи на 11 јули во скопската населба Чаир, кога Арсовска вршеше увид на терен по пријава за дивоградба.
Препорачано
Пресудата била изречена денеска во Кривичниот суд. Љамари кој досега беше во куќен притвор, префрелен е во притвор во Шутка откако му била преиначена мерката.
-Основен кривичен суд Скопје ја известува јавноста и медиумите дека судот на 02.09.2025 година ја донесе и јавно ја објави пресудата по предметот К.бр.1338/25, со која обвинетиот С.Љ. го огласи за виновен за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 вв со став 1 од Кривичниот законик, по што му изрече казна затвор во траење од 2 – две години, а заради тоа што на 11.07.2025 година извршил грубо насилство врз градоначалничката на Град Скопје. Согласно член 47 од Кривичниот законик, во изречената казна затвор на обвинетиот С.Љ. му се засметува и времето поминато во куќен притвор, преиначена во мерка притвор. Против ваквата пресудата странките имаат право на жалба во рок од 8 – осум дена по приемот на пресудата, преку овој суд до Апелациониот суд Скопје. По однос на мерката притвор, судот одлучи дека истата да се продолжи до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, но не подолго од 60 – шеесет дена – соопшти Судот.
Според обвинителниот предлог, Љамалари пристигнал со електричен тротинет и ја нападнал физички и вербално, при што ѝ нанел телесни повреди и изрекол сериозни закани.
Арсовска тврдеше дека обвинетиот бил истото лице што, според нејзини сознанија, и претходно ѝ упатувал закани преку социјалните мрежи. Таа изјави дека тие закани ги објавила јавно на својот профил и подоцна ги идентификувала како поврзани со обвинетиот.
Љамалари познат и како командант Барути кој е поранешен вработен во ЈП „Паркови и зеленило“ на рочиштето на кое се изведуваа докази од страна на одбраната на обвинетиот, рече дека не тој, туку градоначалничката го удрила и го снимала со телефон.