
Две германски бродоградилишта одат во стечај, причината е што немаат доволно нарачки
Две германски бродоградилишта поднесоа барање за несолвентност, соопштија властите во четвртокот. Според портпаролите на окружните судови во Фленсбург и Нојминстер, погодени се пристаништата со седиште во северниот град Фленсбург и Нобискруг во блискиот Рендсбург. Двете локации се во сопственост на „Teнер груп“, холдинг компанија основана од германскиот инвеститор Ларс Виндхорст. Бродоградилиштата се во финансиски проблеми поради недостиг на нарачки, а платите постојано доцнат. Виндхорст наиде на остри критики од политичарите во северната покраина Шлезвиг-Холштајн, а премиерот Даниел Гинтер го повика да се држи настрана. Гинтер претходно рече дека можноста за несолвентност нема да биде шок.
Препорачано
„Можеби тоа може да значи и нова можност“, рече премиерот на земјата минатиот месец во Фленсбург, пишува „СЕЕ.биз.еу“. Германската бродоградителска индустрија претрпе голем удар во последниве години, со тоа што бродоградилиштето Мејер Верфт – главен работодавач во Северна Германија и водечки производител на бродови за крстарење – треба да добие јавна помош од германската влада. Минатата недела, Европската комисија донесе одлука според Регулативата за спојување на ЕУ дека владиниот пакет за спас не предизвикува никаква загриженост за конкуренцијата на единствениот пазар на ЕУ.