Фото: Икс

Дванаесетмина повредени во напад со нож на железничката станица во Хамбург

Најмалку дванаесет луѓе се повредени во денешниот напад со нож на перонот 13 од Централната железничка станица во Хамбург, пренесува „Билд“.

Според нив, нападот се случил во 18.05 часот и има најмалку дванаесет повредени, а федералната полиција уапсила една жена.

Нападот се случил на перонот 13/14. Првично беше кажано дека има осум повредени, а потоа полицијата разјасни дека три жртви се во критична состојба, уште три се тешко повредени, а шест лица се полесно повредени.

Според информациите од германскиот весник, некои од повредените биле згрижени во возовите. Мотивите и позадината на злосторството засега се сè уште нејасни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот