Полицијата вчера до ОЈО поднесе кривична пријава против двајца Пакистанци за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти
Полицијата вчера до ОЈО поднесе кривична пријава против двајца Пакистанци за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Фото: Арбнора Мемет „Слбоден печат“/

Двајца пакистанци шверцувале мигранти во Македонија

Полицијата вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против М.J. (33) и Р.З. (21), двајцата од Пакистан, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Од МВР известија дека кај место викано „Свињарска фарма”, атар на с.Речица, кумановско, од страна на полициски службеници од Националната единица за спречување на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе во содејство со СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север биле откриени 15 илегални мигранти од кои 12 лица од Индија, две лица од Пакистан и едно од Авганистан.

Врз основа на преземени мерки за расчистување на случајот, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, било утврдено дека две лица со потекло од Пакистан, кои биле дел од групата, се организатори на криумчарењето. Имено, со цел стекнување на противправна имотна корист, во улога на водичи, двете лица на 06.02.2022 илегално пренеле преку границата од Р.Србија до кумановско-липковскиот регион група од 13 илегални мигранти, со цел нивно понатамошно превезување до Р.Грција, со крајна дестинација државите на ЕУ.

Двете лица се приведени, а од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот