Затвор во Северна Каролина, САД каде се извршува Смртна казна/Фото: Sean Rayford / Getty images / Profimedia

Двајца осуденици на смрт се погубени во САД

Двајца затвореници осудени на смрт беа погубени во Соединетите Американски Држави во четвртокот, едниот од нив со вдишување на азот – метод што експертите на ОН го опишаа како форма на тортура, пишува Њујорк пост.

Џефри Вест (50), кој беше осуден на смрт за убиството на Маргарет Бери во 1997 година за време на грабеж на бензинска пумпа, беше погубен во Алабама со користење на многу контроверзниот метод – кој беше употребен за прв пат во светот во 2024 година во таа американска држава.

До денес, вкупно шест егзекуции на осудени на смрт се извршени со задушување преку вдишување на азот, сите во Соединетите Американски Држави.

Блејн Милам, (35), беше погубен со смртоносна инјекција во Тексас. Тој беше осуден на смрт за убиството на бебето на неговата партнерка, Џесика Карсон, во 2008 година. Тој и неговата партнерка првично тврдеа дека ја пронашле 13-месечната Амора мртва. Подоцна признаа дека го подложиле малото девојче на „егзорцизам“ откако верувале дека е опседната. Извештајот на медицинскиот испитувач вели дека бебето имало повеќекратни фрактури и траги од каснување.

Блејн Милам беше еден од осудените на смрт интервјуирани од Вернер Херцог за документарната серија „На смртна казна“ што се емитуваше во 2012-2013 година.

Од почетокот на годината во Соединетите Американски Држави се извршени 33 егзекуции: 27 со смртоносна инјекција, четири со вдишување на азот и две со стрелање (двете во Јужна Каролина).

Смртната казна е укината во 23 од 50-те американски држави. Три други (Калифорнија, Орегон и Пенсилванија) воведоа мораториуми за нејзина употреба по наредба на нивните гувернери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот