Фото: РК Вардар

Двајца македонски репрезентативци го засилија РК Вардар

Актуелниот македонски шампион Вардар е лидер во својата група во првиот дел од сезоната, но клубот и покрај тоа веќе работи на засилувања за следната сезона.

Првите две засилувања за „црвено-црните” кои потпишаа на две сезони со можност за продолжување се стандарниот репрезентативец Томислав Јагуриновски, и Михаил Аларов кој е на поширокиот список на репрезентацијата. Со тоа се зголемува бројот на македонски репрезентативци, а плановите на клубот околу засилувањата на застануваат тука.

И покрај понудите од други клубови, двајцата ракометари решија да му се приклучат на Вардар кој е препознатлив спортски бренд во светот, свесни за големината на најдобриот македонски клуб. Јауриновски по две сезони повторно ќе биде дел од Вардар, и тој е дете кое потенува од школата на клубот. По една полусезона мината на Исланд се врати во Македонија, а од следната сезона пак ќе биде дел од Вардар. Игра на позиција на десен бек, а по потреба може и да игра како десно крило. Леворакиот играч веќе е стандарден дел од репрезентацијата на Македонија и со своите игри покажува дека е зрел играч.

Михаил Аларов доаѓа од екипата на Пролет и важи за еден од перспективните пивотмени во првенството. Неколку сезони игра стандардно и заслужува да биде дел од најдобрите. Се наоѓа на поширокиот список за репрезентацијата на Македонија и сериозно се наметнува за во иднина. Тој ќе биде колега на Милан Лазаревски, Стефан Атанасовски и Стојанче Стоилов со што сигурно Вардар ќе ја има најквалитетните пивотменска позиција во првенството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!