
Двајца Грузијци во Елбасан смениле 40 милиони фалсификувани леки
Двајца државјани на Грузија, во менувачница во албанскиот град Елбасан, смениле 40 милиони фалсификувани леки, за кои добиле 40 илјади евра.
Препорачано
Полицијата се сомнева дека станува збор за поголема група, поради што упати апел за поголема внимателност во менувачниците, трговски објекти и бензинските пумпи. Истото се однесува и за пограничните градови во Северна Македонија, каде може да менуваат, но и каде албанските граѓани набавуваат разна стока, а наплатата ја вршат со леки, објавија медиумите.
По пријавата на сопственикот на менувачницата, полицијата успеала да ги идентификува измамниците. Станува збор за грузиските државјани Л.Р.(49), и Л.П.(46), за кои е издадена потерница а се бараат за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување монети“.
Според медиумите од контролата на граничните премини тие не фигурираат дека ја напуштиле земјата, но, поради близината на Елбасан со македонската граница, кај Струга, не се отфрла можноста тие да ја минале границата илегално, со помош на албански државјани.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
29мин
-
45мин
-
46мин
-
51мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5