Два трактора се судриле кај Булачани, пет луѓе завршиле со повреди

Два трактора се судриле на локалниот пат меѓу селата Булачани и Црешево во неделата, при што со тешки повреди е примен во болница сопатник, а полесно се повредени двајцата возачи и уште две деца.

„На 31 август 2025 година, во 08:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Булачани – с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале трактор ‘имт’, управуван од 35-годишниот В.Р. и трактор ‘имт’, управуван од 31-годишниот М.Р., двајцата од с.Љуботен, скопско“, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки повреди се здобил 46-годишниот сопатник Е.С. од истото село, а повредени се двајцата возачи и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот