земјотрес / илустрација

Два силни земјотреси регистрирани во водите кај Индонезија

Во Бандското Море во Индонезија, дел од Тихиот Океан меѓу Источен Тимор и Нова Гвинеја, денеска се забележани два силни земјотреси еден по друг.

Американскиот геолошки институт (УСГС) објави дека земјотресите биле со јачина од 7,1 и 6,7 степени. Иако се случија на длабочина од само десет километри, не беа издадени предупредувања за цунами.

Најблискиот остров со голем број жители е Амбон на Молуките, дел од Индонезија, со околу 350.000 жители. Се наоѓа на околу 340 километри од центарот на двата земјотреси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот