prodavnica market bojkot
продавница

Дурмиши најави построги мерки ако трговците драстично ги зголемат цените

Министерот за економија Бесар Дурмиши најави построги мерки доколку трговците драстично ги зголемат цените. Тој рече дека Пазарната инспекција до крајот на месецов ќе врши вонредни и редовни контроли, по што ќе достават извештај до Владата и министерството за економија, па ако се утврдат девијантни однесувања и енормно зголемување на цените ќе следат ригорозни мерки.

„Ако биде во стабилна фаза, ќе бидеме во комуникација со Пазарна и ќе има редовни контроли“ рече Дурмиши на денешната прес-конференција.

Според него благодарение на мерките преземени од почетокот на годината, вклучувајќи го ограничувањето на маржите на прехранбени и хигиенски производи, економијата е постабилна и нема енормно зголемување на цените.

„Цените на храна се речиси непроменети, само 0,3 проценти за една година. Ако споредиме март со април 2024 година, имаме дефлација. Ова покажува дека економијата е стабилна, граѓаните не се соочуваат со енормно зголемување на прехрамбените производи“, рече Дурмиши.

Тој најави дека на листате со ограничени маржи ќе се најдат и нови производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот