Али Ахмети, претседател на ДУИ / фото: Фејсбук партија

ДУИ тврди дека Ахмети не се заканувал со изјавата за „сите Албанци на нозе“ ако се загрози употребата на албанскиот јазик

Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) тврдат дека нивниот лидер, Али Ахмети, не упатил никакви закани со изјавата дека сите Албанци ќе бидат на нозе, а плоштадите полни, доколку се загрози употребата на албанскиот јазик.

Албанскиот јазик е главна придобивка што ДУИ сака да ја заштити, тврди партијата, повторувајќи го ставот дека нема да дозволи „некој да ги наруши придобивките од Охридскиот рамковен договор“. ДУИ не открива кои конкретни механизми ќе ги употреби за заштита на овие придобивки, туку дека ќе ги искористат „сите правни и институционални средства“ кои им се на располагање.

По изјавата на Ахмети, премиерот Христијан Мицкоски оцени дека лидерот на ДУИ е „фактор на дестабилизација“ и додаде дека не се плаши од заканите на Ахмети. Од друга страна, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги оцени изјавите како „дел од вообичаениот политички фолклор“, не гледајќи во нив потенцијал за дестабилизација на земјата.

Ахмети во Швајцарија по инструкции од поранешни соборци од ОВК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот