ДУИ - Фото: „Слободен печат“ - Зоран Димовски

ДУИ: „Српскиот свет“ е непријателски концепт за Северна Македонија

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска изрази сериозна загриженост поради, како што велат, „офанзивата на злогласниот проект Српски свет“, кој сè почесто се манифестира на официјален начин со присуство и дури со поддршка од претставници на македонските институции.

Во соопштението се наведува дека по прославите во Битола, организирани под превезот на „Солунскиот фронт“, на кои присуствувала и висока делегација од Србија заедно со министри од македонската Влада, на 7 септември на Кајмакчалан следела „скандалозна изјава“ на српскиот министер за одбрана, Братислав Гашиќ. Тој, според ДУИ, говорел за „патот на слободата“ и „враќањето во татковината“ на српската војска на територијата на Македонија.

„Присуството на нашите институции во вакви сценарија е не само тежок историски и политички провокациски чин, туку и обид за релативизирање на суверенитетот на нашата држава, претставувајќи ја Северна Македонија како ‘третата српска република’. Тоа е неприфатливо и претставува директна закана за идентитетот, државната стабилност и евроатлантската ориентација на земјата“, реагираат од ДУИ.

Партијата потенцира дека „Српскиот свет“ е непријателски концепт за Македонија и повторува дека Рамковниот договор, меѓуетничката кохезија и европскиот пат на земјата се единствената гаранција за стабилна и сигурна иднина.

„Северна Македонија не е, и никогаш нема да стане третата српска република“, порачуваат од ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот