ДУИ /Фото: Илустрација

ДУИ со необично барање до нивните делегати: Бидете убаво облечени и останете до крајот на Конгресот

За утрешниот ден е закажан четвртиот Конгрес на ДУИ во Скопје. Ha конгресот се очекува Али Ахмети, повторно да биде избран за лидер на партијата.

Она што е интересно е една фотографија која кружи нa социјалните мрежи во која, од делегатите што ќе учествуваат се бара да бидат убаво облечени и да останат до крајот на конгресот, односно да не излегуваат предвреме.

-Почитувани делегати! Ве замолуваме утре во 15.30 часот без задоцнување да седнете во делот од столчињата и да бидете формално облечени со костуми. Во салата треба да останете до крајот на конгресот- се вели во пораката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот