Дрвокрадци / фото: илустрација / МВР

Дрвокрадците ги пустошат шумите

И годинава пред стартот на новата грејна сезона останува стариот проблем – се сече без дозволи, привлечни се и опожарените предели. Од ЈП Национални шуми велат контролите се зајакнати, а конфискацијата е поголема

Стари проблеми во пресрет на новата грејна сезона. Дрвокрадци продолжуваат да ги соголуваат шумите. Се сече без дозволи на различни локации, меѓу нив и на опожарените предели. Полицијата заедно со вработените во ЈП Национални шуми периодов во неколку наврати пронајдени количини исечено огревно дрво и незаконски транспорт, објави МРТ.
Во последниот случај во село Макреш, Старо Нагоричане дрвокрадци се обиделе да прегазат полициски службеници, одбивајќи да застанат и да им дозволат да извршат контрола на камион. Службениците принудени, испукале предупредувачки куршуми во воздух. Неодамна при бегство на лица беше уништено и возило на шумската полиција.

Од ЈП Национални шуми потврдуваат дека трендот на кражби на огревно дрво не запира, но велат значајно се зголемени конфискациите, што не било случај во минатото. Пријави добиле и вработени во самото претпријатие, кои соработувале со криминалните групи. Дел од нив веќе се суспендирани, добиле прекршочни и кривични пријави. Очекуваат оваа грејна сезона намалување на дрвокрадството.

-Ако од први до шести месец 2024 година во Република Македонија од познат сторител имало одземени некаде околу 165 метри кубни предмети, сега имаме само 74 метри кубни дрво, што значи дека бројката е намалена за 50 отсто – вели Кире Михаилов, заменик-директор ЈП Национални шуми. Колкави се загубите на шумите, ќе покажат анализите. Но она што е сигурно пустошот може да предизвика појава на свлечишта, поплави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот