Фото: EPA / Dumitru Doru

Драматично обраќање на молдавската претседателка, уапсени се наводни руски агенти тренирани во Србија

Проевропската претседателка на Молдавија, Маја Санду, во драматично обраќање до нацијата предупреди дека се загрозени суверенитетот, независноста и европската иднина на нејзината земја, откако властите извршија масовни рации и уапсија десетици луѓе осомничени за учество во наводен руски план за дестабилизација на државата.

„Денес ви кажувам со сета сериозност дека нашиот суверенитет, независност, интегритет и европска иднина се во опасност“, рече Санду во видеообраќање синоќа, само неколку дена пред парламентарните избори закажани за 28 септември. На нив, проруските партии ќе ѝ се спротивстават на владејачката проевропска ПАС.

Претседателот предупреди дека Русија „вложува стотици милиони евра за да купи стотици илјади гласови на двата брега на Днестар, како и од странство“, додека го преплавува јавниот простор со „десетици лаги“ секој ден.

„Стотици луѓе се платени да провоцираат немири, насилство и да ги плашат граѓаните“, рече претседателката.

„Доколку Русија успее да ја преземе контролата врз Молдавија, последиците ќе бидат директни и опасни за нашата земја и целиот регион“, вели Санду.

Молдавските власти вчера спроведоа 250 рации на повеќе локации низ целата земја, насочени кон повеќе од 100 осомничени лица поврзани со план за предизвикување масовни немири. Главниот обвинител за организиран криминал, Виктор Фуртуна, изјави дека се уапсени 74-ца осомничени, на возраст меѓу 19 и 45 години.

Масовни рации во Молдавија поради сомнежи за руска дестабилизација пред изборите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот