Фото: МИА

ДПИ изрече казна за компанија од Кичево за несоодветниот „мазут” во складот во Ресен

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) спроведе постапка на порамнување и издавање на прекршочни платни налози во износ од 10.000 евра за правното лице „Евротим ГДС” ДООЕЛ – Кичево и 3.000 евра за одговорното лице.

Истовремено донесе решение со кое на правниот субјект му е наредено да ги отстрани несообразностите кај испитуваниот производ „мазут” од складот во Ресен и определи рок од 15 дена за постапување по наредбата.

Претходно ДПИ доби одговор од „Евротим ГДС” ДООЕЛ – Кичево, дека компанијата ги прифаќа првичните резултати од анализите на земените мостри од производот „мазут”, што ги спроведе ДПИ во складот во Ресен.

Врз основа на овој одговор, ДПИ информира дека резултатите од испитувањето на првиот примерок се конечни и ја спроведе постапката на порамнување и издавање на прекршочни платни налози и го донесе решението за отстранување на несообразностите од испитуваниот „мазут” до складот во Ресен .

При направените анализи од првите примероци земени мостри од складот за „мазут” во Ресен во сопственост на „Евротим ГДС” ДООЕЛ – Кичево, ДПИ констатираше дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот